Актуелно

Земјотрес во Украина

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Украина.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Коболчин во областа Черновци, на југозападниот дел на земјата, на длабочина од три километри, јавува Униан.

Земјотресите од таа јачина не можат да предизвикаат материјална штета.

На почеток