Коментари

“Објаснете им на дипломатите дека тепачката не е етничка туку пресметка меѓу локални дилери”, новинарка со остри зборови за дипломатијта по боксовите за бугарскиот секретар

Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашниот случај кога беше нападнат секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид.

Според бугарските медиуми, нападот бил политички и етнички мотивиран, а на нападнатиот му се обраќале со зборовите „мрсен Бугарин“.

„Учебник за почетно водење водата на своја воденица или, како да бидеш дипломатски умен.

Ај сега да помогнеме. Затворете ја истрагата и министерот Спасовски нека одржи прес каде освен новинарите ќе ги покани и дипломатските претставништа и ќе објасни дека не е на национална и етничка, туку е тепачка меѓу локални дилери. Па ќе направите информација со сите факти на англиски и уште денеска заедно со МНР ќе ја препратите секаде од ЕУ, НАТО, сите амбасади тука, ЕП, СЕ, Брисел итн… па ќе си го активирате и Претседателот и тој да испрати инфо кај своите…а Бујар ќе го викне бугарскиот амбасадор за лично да му го презентира случајот и доказите кои, како велите денеска не биле заради тоа што е Бугар, туку дека имал нерасчистени односи со “другарите”.

Па, можеби ќе намалите маааалце од штетата што сами ја направивте вчера кога трчавте ко прле пред магаре“, стои во објавата.

На почеток