Свет

Жена стана свештеник во Ерусалим

На церемонија во Ерусалим, Палестинката Сали Азар првпат беше ракоположена за протестантски свештеник во светата земја, јавува Би-би-си.

Нејзиното ракополагање за свештеник се одржа во преполна црква во стариот град на Ерусалим, јавува Би-би-си.

Речиси 47.000 христијани живеат на Западниот Брег и во Појасот Газа од 2017 година.

Мнозинството палестински христијани припаѓаат на верски заедници што не дозволуваат женски свештеници, а многу мало малцинство се приврзаници на протестантските конгрегации, кои имаат жени за свештеници.

На почеток