Коментари

Екс обвинител до обвинителство: Дали изјавите на Османи дека не е важна истрагата, туку тоа што изјавува наркодилерот го доживуваат како мешање во работата и зошто НЕ?

Во интервју за бугарската БТВ министерот Бујар Османи вели дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.

„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто, по што поранешниот обвинител Војо Димоски објави статус во кој вели дека ова е мешање во работата на обвинителстовто.

„Од Обвинителството најавија прес за да објаснеле како осомничен за трговија со дрога, без особена причина летна на лечење во странство, дури тие незаинтересирано го проследија со поглед.

Добро е некој новинар да искористи прилика и да ги праша: дали изјавите на Бујар Османи дека не била важна истрагата туку за него било важно што изјавува наркодилерот за настанот, ги доживуваат како мешање во работата на ЈО и зошто не?“, вели Димоски.

На почеток