Коментари

Јане Ченто: Ние не се поделивме на наши и ваши, туку на некој друг така му одговараше

Вечерва Јане Ченто објави на социјалните мрежи дека си ја сака државата во која нема да биде важно кој каков е и не сака да биде маргинализиран.

„Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е.

Не сакам да се чуствувам маргинализиран затоа што сум дел од мнозинството на оваа држава. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат“, вели Јане Ченто.

„Македонија е се што имаме!“, додава тој.

На почеток