Јане Ченто му оддаде почит на дедо му: Идеалите твои се заклетви мои, вечна слава Претседателе
Пред 66 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.
Јане Ченто денес му оддаде почит преку социјалните мрежи.
“Загубив се, материјално пропаднав, мојата политичка кариера ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.
Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.
Му наредив на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.
Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања, осуден сум за тоа што не сум го сторил, од глад сум паѓал во несвест, сум издржал 9 години казна, ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.
Од сето тоа ми остана човечкото достоинство, и тоа сакаат да ми го земат.
Јас не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани, треба да знаат како се одвивала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговата слобода.“
66 години од смртта на првиот Македонски Претседател, Методија Андонов – Ченто
Вечна слава Претседателе, идеалите твои се заклетви мои“, стои во објавата.