Коментари

Османи со директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот, треба кривично да одговара, вели Најчевска

Кривична одговорност побара професорката по право, Мирјана Најчевска за министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според неа, тој врши насилство со изјавата: „Влада без принципот „победник со победник“ нема да има“, принцип кој токму ДУИ го наруши во 2017 година.

„За ваква изјава Османи треба кривично да одговара. За обид за насилно рушење на уставниот поредок на државата. Ова е директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот и законите. Насилниците мора да бидат отстранети од Собранието. За да почнеме да градиме демократска држава која се базира на правото“, напиша Најчевска.

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата на Ахмети, тоа нема да се случи и ќе се почитува волјата на народот.

На почеток