Боки 13: Заканите и уцените кулминираа, пред станот ме пречекаа да ми пренесат порака од Кичеец – ќе ме замолчите ако ме убиете
Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека добива разни форми на закани и притисоци за да го откаже гостувањето кај јутуберот Стефан Лазаров, за каде најави „второ полувреме“ со докази. Преку фејсбук статус алармираше дека дека пред влезот на неговиот стан го пречекале лица за да му пренесат порака, како што тврди од, Зоран Милески-Кичеец.
Неговиот статус интегрално:
„Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…
Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!
П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!
П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!
Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров!“, пишува Боки 13.