Коментари

Мицковски: Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат, боже какви незналици се ова

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат, реагира Ивор Мицковски во својот статус на социјалните мрежи.

„Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот.

Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани.

Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло.

Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации.

Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна“, стои во објавата.

На почеток