Коментари

Мицковски за „освестените“ Бугари: Не бе брат, не сте Бугари, него сте криминалци со ситна душа

Ивор Мицковски преку статус на социјалните мрежи им порача на функционерите кои се декларираат како Бугари, дека се криминалци со ситна душа.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост.

„Почнаа вечните владини функционерчиња било на Грујо, било на овие лажниве демократи да се освестуваат ко Бугари, ама откако 20 години убаво мацнаа во државните фирми и ресурси, откако лапнаа што може да се лапне, откако исцедија што може од Македонија, откако напукаа криминали и ги чека одговорност за украденото, изеденото и спичканото без осет.

Не бе брат, не сте Бугари, него сте криминалци со ситна душа“, вели тој.

На почеток