Коментари

Ковачевски купи леб, граѓаните го исмеваат: Дајте список од пр генијалците и колку ги плаќаме

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во еден од маркетите во Скопје за да купи леб. Фотографиите ги сподели и на неговиот профил на Фејсбук, при што потенцираше дека овој негов потег е за да се увери лично во фактичката состојба.

„Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните“, вели премиерот.

Граѓаните сметаат дека ова е лош ПР на Ковачевски, па се пошегуваа дека тој ги купил сите лебови

На почеток