Тасевски за одлуката на Пенушлиски: Тоа го зборувам, со Бугарите на иста маса НЕ, се додека не престанат со нивниот примитивен иредентизам


На барање на познатиот македонски сликар Илија Пенушлиски, неговото дело „Галичник“ е симнато од поставката во бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и вратено во колекцијата на Ликовната колонија „Галичник“. Воедно, бугарскиот културен центар, на инсистирање на Пенушлиски, го избриша и неговото име, кое беше на излогот меѓу повеќето македонски и бугарски уметници кои се дел од изложбата „Заедно“.
Оваа одлука ја искоментира актерот Сашо Тасевски.
„Сликарот Пенушлиски го повлече своето дело од бугарскиот културен центар со зборовите: Додека не престане тој примитивизам на негирање на македонството од нивна страна секое изложување на мои дела во нивни институции е травестија.
Толку е просто бе луѓе.
Тоа го зборувам со години.
Со Бугарите на иста маса НЕ, садење тикви НЕ, внесување во уставот НЕ, се додека не престанат со нивниот примитивизам иредентизам, и шовинизам“, вели тој.
Та
