Македонија

Пендаровски и го претстави македонскиот шарпланинец на унгарската претседателка

Претседателот Стево Пендаровски ѝ претстави на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на Македонија, куче од расата шарпланинец.

Ова се случуваше за време на свечената церемонија по повод нејзината посета.

„Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот шарпланинец, тримесечниот Рок“, рече Пендаровски.

На почеток