Лимани: „Огнената група“ има контрола над 6 пратеници во Собранието
Фатмир Лимани потпретседателот на Беса и некогашен истакнат член на ДУИ, во синоќешната емисија на Клан Македонија рече дека „Огнената група“ има контрола над 6 пратеници во Собранието.
Потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, вели дека состојбата со владеачкото мнозинство е кревко и тоа е затоа што власта ги нема потребните бројки на пратеници. Според него, „Огнетата група“ на ДУИ има под контрола 6 пратеници.
„Нема двајца… Кастриот Реџепи, Зејди, Коџаџику, Изети. Има уште двајца пратеници кои не излегуваат, не се појавуваат. Ги знаеме, но нема да бидат дел од разговорот вечерва и не е коректно да ги спомнуваме“, изјави политичарот кој е познат и како внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Повика на соработка од сите политички субјекти и групи освен ДУИ.
„Движењето Беса ќе соработува со секој што не планира да краде, со секој што нема криминализиран багаж. Ги повикуваме сите албански политички сили кои се ориентирани кон евроинтегративниот процес и сите политички субјекти, Алтернатива, Алијанса, Огнената група, другите групи кои мислат дека заедничкото зло е структурата на ДУИ“, изјави Лимани.