Се огласи Ердоган: Загинаа 9.057 лица


Земјотресот однесе најмалку 9.057 човечки животи, а 529.979 луѓе се повредени, изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган за време на обиколката на погодената област.
Според најновите податоци на турската државна служба за катастрофи и вонредни состојби, 8.000 луѓе се спасени живи од урнатините, а уништени се 6.444 згради, пренесе Ројтерс.
Медиумите објавија дека најмалку 2.662 лица загинале во земјотресот во Сирија, од кои најмалку 1.262 загинале во областите контролирани од владата, а најмалку 1.400 на териториите под контрола на бунтовниците.
Според податоците на сириското Министерство за здравство и невладината организација „Бели шлемови“, повеќе од 22.000 луѓе се повредени во областите под контрола на владата, а повеќе од 2.700 на териториите под контрола на бунтовниците.
