Македонија

Стразбур денес ќе одлучи дали важи аболицијата на Иванов

Стразбур денес ќе ја реши дилемата – дали важат аболициите на екс претседателот Иванов.

По речиси 6 години судот за човекови права треба да одговори на 10тиците апликации кои ги поднесоа обвинетите лица во предметите на СЈО кои се најдоа на листата аболицирани, која Иванов ја објави на 12 април 2016та, а еден месец подоцна ја повлече.

Европскиот суд за човекови права има две опции, да застане зад аболицијата, односно да потврди дека еднаш дадената аболиција не може да биде повлечена или да ја потврди втората верзија на правниците кои тврдат Иванов немал законска можност да дава аболиции.

Одлуките на европскиот суд за човекови права се обрзувачки за македонските судови па ако судот утре „ги оживее“ аболициите тоа во пракса ќе значи згаснување на поголемиот дел од предметите на СЈО.

Обвинетите за масовното прислушување, уништувањето на опремата во УБК, изборни нерегуларности, насилството во општина центар, уривањето на Космос, ќе бидат ослободени од кривично гонење, а државата ќе треба да им плати и оштета.

На листата аболицирани пред 7 години се најдоа 56 лица, најголем број тогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков.

Сепак и повторното активирање на аболициите нема да ги спаси овие функционери од кривично гонење за Тенк, Талир, Империја, судски процеси кои не беа опфатени со одлуките на Иванов.

На почеток