Актуелно

Цветковска за интервјуто со Латас: Постои кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал, во случај на Лазаров да не му е јасно

Некој нека им каже дека постои кривично дело наречено Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. За истото е предвиден затвор. Во случај на Лазаров да не му е јасно како тоа изгледа во пракса, нека го прочита обвиниението против Марјан Стаменквски Доказ. За поттикнување насилство постојат и други кривични дела, но повторно, поттикнувањето е родово насочено, што значи ете му пак дело од омраза, вели новинарката Сашка Цветковска во својата објава на социјалните мрежи.

„За оние кои што не мора да го гледаат ова освен ако не им е професионална обврска, им извадив транскрипт од хајлајтот кога гостинот ги објаснува своите сексуални искуства. (Забелешка: Ова не е се, има и други важни делови каде што двајцата повикуваат на омраза кон голем број групи сограѓани вклучени и заштитени со законот). Патем, потребна е итна дебата за тоа како се прави ветинг на информациите на интернет и зошто не се прави додека истовремено истите се користат за влијание и профит.

Водител: Значи вие си ги чувате комшиките?
Гостин:Во таа средина прв секс на 14 години, дали имав и 14. Тоа ти се маалски години како да ти кажам.
Водител:Добро има ли вистина во онаа прича првата не ја заборавам?
Гостин: Не, не, знаеш како. Јас сум доволно искусен мушкарац, мене не ми е битно да ми е прва, мене ми е битно ја да сум последен.
Водител:Хахахахаа, не знам не знам. Хахахаа хахаа.
Гостин:Знаеш како, не изгледаат тие односи така на почеток…Не знам дали си го гледал Долин бел филмот. Погледни го чисто да ти помогне во развој.
Водител:Има еден сега е во Босна, во Сарајево, татко му беше главен инспектор на Град Скопје пазарен и он имаше голема моќ позади татко му, секој дуќан секоја продавница мораше да клекне таму. Сеа сакаш нејќеш имаше Шанида едно клупче во Тафталиџе. И ми текнуе во едно време он не можеше да има однос со девојка ако он не ја исшамара. Значи тоа му е доминација, таков беше човекот, сеа името да не му го кажувам.
Гостин: Прво ја шамара, па имаат секс или обратно, ха ха хаха, ха хаха хахахха?
Водител: Првин ја шамара, значи за секој случај.
Гостин: Ја рецимо некои 14 – 15 години, они постара генерација 17, 22-3. И ми викаат искочи надвор, јас мислам сеа ќутек ќе има, ќе се тепаат. Седи една девојка во фичо, џамовите замаглени и ми вика влегуј, работи. (Лазаров хахахахааах) Ја ја гледам, мислам сиротињава што да ти кажам, изгужвана во фичото, фичото е 50 на 50. (хахаа, се смешкаат двајцата). Значи можеш да ја замислиш во која положба е. (Лазаров, хихии, ххх)
Влегуј и работи и ме бутна унутра .Сеа шо да праам…
Водител: Работиш? Хахахааааааа
Гостин: Покушаваш, (хахаххааа)“, стои во објавата.

На почеток