Апасиев до Бугарите: Простете, браќа, за флашката
Од
Објавено на
По повод празникот Прочка, кој го славевме вчера, лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи упати порака до Бугарите.
Тој бара да му простат за УСБ-то кое го зема лани од бугарски граѓани во Благоевград, на отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.
„Простете, браќа, за флашката“, пишува Апасиев.
Во прв момент, кога настана мешаница во Благоевград, беше нејасно за што станува збор и што е тоа што двајца бугарски граѓани бараат да им врати Апасиев.
Потоа, Апасиев објави дека станува збор за УСБ кое го зел таму и на кое имало како што рече фашистички песни.