Осумгодишниот генијалец Македон се сликаше со сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“
Осумгодишниот генијалец од Тетово Македон Димитровски се фотографираше со сребрениот медал добиен на годинешниот натпревар „Математика без граници“.
Владимир Димитровски, татко на математичкиот гениј, преку социјалните мрежи ги објави неговите фотографиите со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.
„Да ни се множат успесите“, напиша тој во својата објава.
Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари.
Македон, досега на Македонија и донесе два златни медали по математика, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби и финансиска поддршка. Јавноста го нарекува и „македонска гордост“ по сите успеси кои тој ги реди.