Откако дојде Агелер имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно, а таа се слика со пастрмајлии и баклави, вели Јоци
Новата американска амбасадорка, Агелер, само што пристигна, најави отсечна борба со тешка корупција, а откако е дојдена имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно од глава. А, за тоа време таа се слика по кафеани со пастрмајлии и баклави, вели Јорданка Ивановска Јоци во својата објава на социјалните мрежи.
„И потоа се чуди зошто популацијата е сé повеќе проруски настроена и не сака ,,Бугари во Устав”, особено не ЕУ.
Ова се жените од Кавадарци, сите во зрели години, кои треба да платат 20.000 евра судски трошоци затоа што се дрзнале да тужат за три неисплатени плати. И изгубиле на суд.
Овие напатени жени и сличните на нив, обесправени, толчени и од ден на ден сé посиромашни, ќе ги симнат од власт сите свињи кои мислат дека Македонија им е дадена од дедо им да ја искрадат ,,до балчак” и да ја остават пустејлија како Мариово“, се вели во објавата.