Коментари

„Метрото на Скопје го почнале инкогнито од Идризово за да не разбере Данела“ – тунелот во затворот мета на коментари

Затворениците осудени на високи казни со месеци го подготвувале план за бегството од „Идризово“. Управата за извршување на санкциите информираше дека поради основано сомнение дека од страна на осудени лица се превземаат недозволени активности со кои би се создале услови за организирано бегство од установата, во изминатиот период од два месеци го подигнале степенот на безбедност со цел да дојдат до подетални информации и да се провери нивната веродостојност.

Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.

Tунелот бил во дожина од 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Граѓаните се пошегуваа дека затворениците ја започнале изградбата на метрото во Скопје, но тајно за да не разбере градоначалничката Данела Арсовска.

На почеток