Ивановска не се согласува со Иницијативата за дивоградбите: Што ќе работат инспекторите тогаш?
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во емисијата „Утринска“ на Телма изјави дека изутринава имала состанок во Општина Центар, но дека има резерва кон иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски да се превземаат дивоградбите од локалните самоуправи, наместо да се рушат.
– Имате изјава дека дивоградбите ќе се конфискуваат. Тие како прво, се диво направени. Инспекторите требало на време да излезат. Тие сега да си стоеле, општината немала пари, рече Ивановска.
Герасимовски, Иницијативата, нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните, ќе ја презентира пред ресорните министри за правда и транспорт и врски. Денеска ќе се сретне со министерот за правда Кренер Лога, а во понеделник ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министрите од градоначалникот Герасимовски ќе се запознаат со причините и потребите Иницијативата да се имплементира во законски решенија и да важи за сите општини во државата.
Целта на Иницијативата е да најде и произведе решение и можност безправно изградените објекти, наместо да се рушат како што налагаат досегашните законски норми, истите да се пренаменат во функција на општината.