Македонија

Пендаровски објави колкава плата ќе земе со новото покачување

Претседателот Стево Пендаровски денеска за медиумите потврди дека добил за 78 отсто повисока плата за месец април, откако Уставниот суд ги укина законските ограничувања.

– По ново 165.000 денари, по старо 93.000 денари. Тоа го објавија сите медиуми, потврди кратко шефот на државата пред новинарите.

Највисоки плати ќе добиваат премиерот Димитар Ковачевски, министрите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратениците, како и градоначалниците.

На почеток