Свет

„Трчаа, навали стампедо од деца“ – сведочи вработен во фирмата во која се криеле децата по масовното пукање

„Трчаа, навали стампедо од деца“ – сведочи вработен во фирмата во која се криеле децата по масовното пукање


Децата што во паника избегаа по масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ најдоа засолниште во просториите на една фирма, лоцирана зад училиштето. Како што изјави вработен во таа фирма за „Блиц“, веднаш ги прибрале децата и се обиделе да ги смират, колку што било можно во тој момент.

Еден од вработените го раскажа хоророт што се случил таа среда во белградската населба Врачар.

„Почнаа да бегаат, навали стампедо, им рековме да дојдат кај нас, колешката е психолог, ѝ реков да ги смири што повеќе. Со нас беа и две учителки и педесетина деца, кои се засолнија околу нашата фирма“, раскажува Горан, вработен во фирмата.
Како што раскажува тој за „Блиц“, една од наставничките била целосно бледа и во шок, а набргу веднаш се вратила во училиштето.
„Една наставничка пребледе, веднаш се врати во училиштето да ги земе сите деца, мали деца се, до четврто одделение“, вели Горан.
Според приказната, едно дете плачело од страв и раскажало што се случило. Низ солзи раскажа како ученик влетал во училиштето и почнал да пука.
Момчето убиец (13) на 3 мај влегло во училиштето во Врачар со пиштолот на својот татко и првин пукал во училишниот чувар, па во дежурните ученици, а потоа се упатил кон училницата по историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Во оваа невидена трагедија загинаа седум девојчиња, едно момче, како и училишниот чувар Драган Влаховиќ. Шест деца се ранети, како и наставник по историја.
Коста К. имал детален план што го подготвил однапред, како и листа на врсници, кои му биле приоритетни цели.
Децата, како и училишниот чувар, кои беа убиени во масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“, беа погребани на белградските гробишта, а од нив се простија стотици ужалени.

На почеток