Општина Карпош се приклучува кон граѓанската акција за чистење на дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев”.
Акцијата ќе се одржи утре со почеток во 16:00 часот, а во истата ќе се вклучат комуналните служби на Општината, со соодветна опрема и механизација за полесно отстранување на отпадот.
Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни субјекти да се приклучат во акцијата и да дадат свој придонес.