СДСМ: Изјавите на Мицкоски со кои прифати уставни измени се јавни и СДСМ нема намера да ги дообјаснува
Од
Објавено на
СДСМ нема намера да ги објаснува изјавите на Христијан Мицкоски со кои прифати уставни измени. Целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на неговата партија, вели СДСМ
„Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа дијалогот за уставни измени да продолжи.
Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел“, се вели во соопштението.