Коментари

Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава, вели Куновска

Актерката и поранешна советничка во Советот на Град Скопје, своевремено и претседателка на Градската организација СДСМ-Скопје, Софија Куновска гласна за актуелните политички прашања во земјава.

Еве кој е нејзионот став за криминалот и корупцијата кој јавно го сподели.

– Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на политичките партии, јавниот обвинител и судовите. Дури и најнадежната институција ДКСК има предмети што подолго се во фиока. Тоа е спрегата што не турка во жив песок. Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава, вели таа во својата фејсбук објава.

– Заради тоа денес граѓаните, пред чии очи се разграбува државата последниве две децении, со огромна скепса гледаат на т.н. црна листа која „ги поместува“ работите на симболично ниво, нотира Куновска.

На почеток