Седумчлена општинска комисија која изминатиов преиод ја чешлаше документацијата за злоупотреба на средствата за обештетување од земјотресите, утврди дека едно лице вработено во Општина Охрид ја злоупотребил својата положба. Имено, административниот службеник Р.В вработен во Секторот за туризам и локален економски развој во одделот за Развој на земјоделството несовесно ја извршувал функцијата и доставил сомнителни записници од проценката на штета врз основа на кои било исоплатено обештетување на блиски членови од неговото семејство кои не биле баратели на штета.
Комисијата за водење на дисциплинска постапка што ја формира Општина Охрид, го потврди скандалот со злоупотреба на средства наменети за надомест на штета од земјотресите што го зафатија Охрид летото 2017 година.
На оваа тема во 14:00 часот пресс ќе одржи в.д градоначалникот на Охрид Константин Георѓиевски.