Свет

5.000 кучиња ќе лаат против брегзит утре пред британскиот парламент

Во Лондон утре ќе се одржи протест на кучиња на кој тие ќе „побараат“ ав-референдум (Woofreferendum) за да се спречи брегзитот. Протестот ќе биде пред парламентот, каде што илјадници кучиња ќе лаат во знак на протест поради повлекувањето на Велика Британија, во која живеат со своите сопственици, државјани на членките на Европската Унија.

„Сакаме да го одржиме најголемото лаење во светот“, изјави иницијаторот на собирот Даниел Елкан, кој смета на британскиот хумор за милениците да помогнат во блокирањето на брегзитот.

На собирот се очекуваат 4.000 до 5.000 кучиња, кои ќе прошетаат од центарот на Лондон до парламентот и седиштето на владата.

На социјалните мрежи се појавија снимки со различни кучиња што го „изнесуваат“ својот став за брегзитот, држејќи натписи за ова прашање.
Еден од организаторите Доминик Даер рече дека брегзитот ќе биде катастрофален за луѓето, па и за домашните миленици, поради недостигот од ветеринари, зголемената цена за нега на миленичињата и прекинот на издавање европски пасош за животни.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток