Македонија

Нема изводи, затоа што Управата е во комуникација со Уставниот суд, вели Лога

Министерот за правда Кренар Лога во емисијата „Тема на денот“ во вестите на Сител рече дека деновиве Управата за матична евеиденција не издава изводи за родени, затоа што институцијата, како што рече, „има испратено прашања“ Уставниот суд.

Деновиве нема изводи за ниту една потреба, откако решението на Лога за етничка графа е ставено надвор од функција од Уставниот суд.

– Кажано е до директорот сите тие изводи по старото упатство да се даваат на граѓаните. Од понеделник ќе може да се земе извод. Самоиницијативно се испратени некои прашања до Уставен суд, рече Лога.

Министерот рече дека неговиот ресор е во комуникација со екперти и со Уставен суд од кои се бараат насоки како да продолжи работата на Управата за матична еведиенција .

– Во најголем дел сите овие години етничката припадност при вработување се злоупотребува со месеци, години наназад. Во изводот на родени, националноста е на вашите родители и вие нема да можете да ја промените нивната национална припадност, објаснуваше Лога во студиото.

На почеток