Скопје

Скопјани се кренаа против загадувањето

Ако ни го земете и воздухот, што ни останува? Парите за велосипед ги потрошивме на инхалатор, ставете налепници на тешката индустрија, четворица дневно умираат чекајќи чист воздух, се дел од паролите кои денеска ги носеа група нездоволни грашани на денешниот протестен марш за чист воздух и борба против аерозагадувањето чија рута беше од Собранието до Владата на Р.Македонија.

Тие порачаа дека 1,5 милиони евра за борба со загадувањето не се доволни и кажаа дека повеќе се исплаќаат пари за патни трошоци за пратениците, отколку за справување со овој сериозен проблем.

На протестот говореа и загрижени граѓани, дел од нив побараа оставки од министрите кои се надлежни за овој ресор.

„Помина година и пол, сега веќе втора, цела пролет и цело лето ништо не е направено за оваа зима да имаме помала загаденост. Да ви кажам што е направено. Во 2018 година, излезе едно смешно планче за чист воздух за 2019 година од седум страни, од кои четири се вовед, а три се некакви смешни општи реченици. Значи, две години се потрошени за ништо“, рече активистот Лазар Ѓуров на денешниот протест пред Собрание и Влада, со кој граѓани побараа акција од надлежните во решавање на проблемот со загадениот воздух.

„Ако ние од пролет се подготвуваме да ги едуцираме луѓето, да направиме промени во режимот на сообраќајот, да направиме начин да се запрат градежните работи, да влијаеме индустријата да запре со производство или навреме да стави филтри, ние ќе имаме почист воздух. Сега не можеме да имаме. Ама тие не го направија тоа што требаше да го направат, сега единствена работа шти може да направат, е да си дадат оставка“, порача Ѓуров.

Кристија Узунов, член на иницијативата „Канцерогено општествот, која беше организатор на протестот, ги повика граѓаните на поголема масовност и наредната сабота.

„И мало дете знае кои се загадувачите. Ние се боревме, еден од нив беше фабриката „Железара“ од каде црни облаци 25 години гледавме. Луѓето и тогаш седеа дома и викаа ‘ништо не е’. Еве сме сега, после четири години, најзагаден град во светот“, рече тој.

Други, пак, сметаат дека ситуацијата е доказ за долгогодишното недомаќинско владеење со државата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток