Коментари

Државата ни е на ова дереџе, поради неказнивост, или ќе се соочиме со реалноста, или ќе ги трпиме последиците, вели Јованов

Професорката Тамара Јованов во својата објава на фејсбук вели дека државата е на ова дереџе поради неказнивост.

„Државата ни е на ова дереџе (едвај држава), поради НЕКАЗНИВОСТ!
Не беа казнети креаторите на криминалната приватизација.
Не беа казнети ниту работодавците кои експлоатораа работнички труд и крадеа стаж и пензиско.
Не беа (и не се) казнети ниту политичари кои со злоупотреба на функциите станаа милионери.
Не беа казнети ниту грабежите на јавни пари по разни основи, преку тендери, од осамостојувањето до денес.
Не беа казнети ниту терористите на УЧК (наградени беа – ја добија државата).
Не беа казнети ниту предавниците кои ја потчинија државата со Преспански.
Не се казнети (преку гласање) ниту пратениците кои до денес земаат илјадници евра патнички трошоци.
Не се казнети ниту политичарите кои договориле увоз на отровно ѓубре и мазут и кои не’ трујат.
Не се казнува никакво загадување.
Не се соодветно казнети ниту бројни убијци со автомобили.
Не се казнети корумпирани судии.
Точно ова е рецептот за банана држава.
А во банана држава, редовно казнет е и ќе биде, само обичниот народ.
На нас е да си ја средиме бананата.
Или ќе се соочиме со реалноста и преку гласање ќе ги тргнеме штеточините, или ќе ги трпиме последиците од бегството од реалноста.
Пс. Ама, не бива од нас држава?!
Бива, бива, само да дојде некој спремен да ја биде. Читнете си за Сингапур и Кина, како станаа држави од тешки рушевини“, стои во објавата.

На почеток