Хајредини за Ахмети: Чудно, како на Али не му текнува дека и тој да не беше, тоа што се случи во 2001 немаше да се случи
Од
Објавено на
Џевдет Хајредини на социјалните мрежи кусо ја искоментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во која вели дека да бил Заев во 2001 година немало да се случи тоа што се случи.
„Да беше Зоран Заев во 2001 година немаше да се случи тоа што се случи, искоментирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција во Скопје по повод 20-годишнината од Рамковниот договор. Тоа им го пренесе на присутните организаторот на настанот – првиот вицепремиер Артан Груби.
п.с. Чудно, како на Али не му текнува дека и тој да не беше, тоа што се случи немаше да се случи“, вели Хајредини.