Конкретно, протоколот треба прво да биде потпишан од сите 29 земји членки, се очекува ова да се случи на амбасадорско ниво во седиштето на НАТО, за време на состанок на Северноатлантскиот совет (познат во жаргонот како НАК) кој ќе биде свикан штом секој амбасадор добие авторизација од дома. Секоја земја членка, меѓутоа, познава различни домашни процедури.
Во некои земји членки доволно е министерот за надворешни или владата да дадат авторизација, како што е случај со Словенија. Јелко Кацин, словенечкиот амбасадор во НАТО веднаш по ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина изјави дека веќе добил дозвола од неговата влада да го потпише протоколот за Македонија.
Повеќе на Независен.мк
