Македонија

Сончево време со температура до 38 степени

Сончево време со температура до 38 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=7

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени, информираат од УХМР.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Макфакс

На почеток