Коментари

Во месец кога пензионерите молат за +50 евра за да можат да преживеат, Ковачевски фрлил 8000 евра на Фејсбук рекламирање, вели Ефтимов

Поранешниот директор на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип, Игор Ефтимов на социјалните мрежи сподели фотографија од трошоците за рекламирање на премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

„Таче нели е многу ова?
ОК, човекот сака да биде influencer, но да лупнеш 8000 евра на рекламирање за месец дена според мене ги мине сите граници‼
Особено што во тој месец кога се фрлени 8000 евра на facebook рекламирање, пензионерите молат за + 50 евра месечно за да можат да го преживеат месецот“, стои под фотографијата.

На почеток