Македонија

Екс премиерот остана без пратеничка плата, Џафери гласаше воздржано

Вкупно 53 пратеници гласаа за нов член во Законот за плати на пратениците со кој се предвидува пратеник да го изгуби правото на надомест доколку е осуден на казна затвор поголема од 6 месеци. Ниту еден пратеник не беше против оваа измена на Законот. Со оваа одлука Никола Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.

-Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието – рече Џафери.

Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неуставно е со нов член во Законот за плати на пратениците да му се укине платата на пратеник кој е осуден на казна затвор поголема од шест месеци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток