Македонија

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп

Вчера, во 19.35 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 59-годишниот А. Ј. од Охрид, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Макфакс

На почеток