Данела Арсовска официјално формира партија „Правда“
Од
Објавено на
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која до крајот на октомври ќе направи две години владеење, почна со собирање потписи за формирање на партијата, јавува Фокус.
Според пристапницата со која располага порталот партијата ќе го носи името „Правда“.
Седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник Драган Митковски.