Остатоци од тела на три новороденчиња завиткани во пластични кеси се пронајдени во плитки гробници во подрумот на една куќа во селото Черники во северна Полска.
Пјотр Герасик (54) и неговата ќерка Паулина Герасик (20) се уапсени под сомнение дека имале инцестуозна врска и убивале новороденчиња.
Пјотр Герасик беше обвинет за три убиства и инцестуозни врски со ќерка си Паулина и со уште една ќерка. Паулина Герасик беше обвинета за две убиства и за инцестуозна врска со својот татко.
Paulina Gierasik, 20 (pictured), was arrested along with her father Piotr after the babies’ rem… https://t.co/gHZ5xj3dgp @MailOnline
Poland !!
— Dame Jane Michael (@JaneMichael62) September 18, 2023
Пјотр и Паулина се родители на две од трите убиени деца.
Герасик и неговата втора ќерка се родители на нивното трето дете. Таа ќерка останала бремена кога тој ја принудил на секс. Обвинителите се сомневаат дека го убил третото новороденче.
Кога неговата сопруга починала пред 15-ина години, Пјотр Герасик се преселил во Черники за да се грижи за своите деца.
„Таткото остана сам со децата. Ги имаше многу, 10 или 12. Најстариот веќе беше иселен. Пјотр остави добар впечаток. Дворот беше неуреден, но постави нови прозорци. Немаше индикации дека пие алкохол. Ги носеше децата на прошетки и во шумата да берат печурки. Тие беа обични луѓе. Кој би помислил дека такви ѕверства се случуваат во нивниот дом“, вели жител на селото Черники.
Една од пријателките на Паулина Герасик се посомневала дека таа е бремена бидејќи почнала да носи поширока, поголема облека. Герасик во еден момент зеде три недели одмор од работа, но по една недела, се врати на работното место.
„Сите мислевме дека е бремена. Кога се врати од одмор, беше јасно дека нешто се променило. Беше сè послаба и послаба и постојано уморна. Кога ја прашавме за детето, таа се преправаше дека не знае ништо за тоа и измислуваше сешто“, вели една вработена во продавницата во која работела Паулина.
„Тие живееја како двојка. Му се обраќаше со Пјотр. Се држеа за рака. Пред неколку месеци ѝ ја избричи главата за другите момци да не ја гледаат. Тој беше бог за неа“, вели друг жител на Черники.
Во моментот се врши обдукција врз остатоците од оброците на доенчињата.