Македонија

Не наседнувајте: Нови обиди за измами преку СМС-пораки во Македонија

Спам пораки стигнуваат до телефонските броеви на низа граѓани. Во содржината, се посочува дека наводна нарачка која тие ја имале, ќе биде вратена оти имаат погрешна адреса. По објаснувањето и линк. Кога ќе се стисне на него, води и до спам страница со логото на Македонски пошти. Тука пак, се бара да се внесат лични податоци како што е адресата.

„Најголемиот проблем е што некој може и да наседне на ваква измама. Уште поголем, тоа што при нарачка во Македонија не се бара никаква потврда туку слободно можете да оставите и погрешна адреса. Од една страна провајдерите не ги спречуваат овие броеви со ставање на спам листа. Не е првпат да ми стигнат вакви пораки“, посочува скопјанец кој доби ваква порака за „Скопје1“.

Кога ќе се отвори линкот од пораката, остава простор за сомнеж дека навистина треба да се внесе адреса. Иако има лого од „Пошта“, сепак, линкот од страницата не е официјалната од копмпанијата.

Ова не е првпат вакви измами да има низ Македонија. Изминатите месеци, граѓани добиваа мејлови да се јават на суд, а поканите беа во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. МВР извести дека се лажни, но досега, не успеа да го најде праќачот.

На почеток