А бре премиере, да сте маж ко што не сте, истиот тој Ваш заменик денеска ќе го разрешевте, му вели Ковачки на Ковачевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки го искоментира премиерот Димитар Ковачевски кој го брани неговиот законик во Владата, Фатмир Битиќи. Новинарските здруженија го осудија однесувањето на двајцата владини претставници, додека Ковачевски и Битиќи сметаат дека ништо не згрешиле.
„Не смее да му писне на заменикот кој сам го поставил, па уште и го оправдува неговото дрско однесување.
А бре премиере, да сте маж ко што не сте, истиот тој Ваш заменик денеска ќе го разрешевте од должност за непочитување на тоа што сте, не како име и презиме, туку како функција. Да сте биле војска можеби и ќе сте сфателе што е хиерархија и зошто е таа значајна. Ама Вие решивте да Ве боли стомакот. Е вака сега лижете таму каде сите околу Вас плукаат. Срам за Македонија. *Не смее да му писне на заменикот, па ние се чудиме зошто е полтрон и никој однадвор не го зема за сериозно. Не случајно е одбран човек без интегритет за да ги прави националните предавства“, напиша Ковачки.
(Видео) Битиќи нервозно напушти, Ковачевски замина без да даде одговори на пресот