„За лекови нема пари, за глупости има“: МНР за самитот ќе плаќа тројно повисоки цени за возила


МНР за самитот на ОБСЕ ќе плаќа тројно повисоки цени за возила за разлика од редовните потреби. Оваа информација ја искоментира и професорката по право, Мирјана Најчевска. Според неа, се трошат пари, на како што вели – глупости.
„Лесно е да се расфрлаш со парите на граѓаните. За лекови нема пари. За научни истражувања нема пари. Ама за глупости има. Што би направил добар домаќин во ситуацијата? Па може на пример да ги прибере сите автомобили со кои се возат коекакви функционерчиња и гароначалничиња наместо да изнајмува. Ете само како пример“, пишува Најческа.
Околу 600 илјади евра Министерството за надворешни работи ќе потроши за изнајмување на возила за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје. За потребите на самитот на ОБСЕ е предвидено да се изнајмат минимум 35 вип патнички возила на 7 до 8 дена, кои не се постари од 2014 година. Цената за изнајмување на еден ден без ДДВ ќе го чини министерството околу 550 евра со пресметан данок.
