Македонија

Хисни Исмаили ја напушти Алтернатива: фракцијата формира координативен совет под негово раководство

Хисни Исмаили ја напушти Алтернатива: фракцијата формира координативен совет под негово раководство

Пратеникот на Алтернатива, Хисни Исмаили синоќа во Тетово е избран да раководи со Координативниот совет на фракцијата, на состанок на кој присуствувале претставници на 13 ограноци на партијата.

„Синоќа во Тетово одвоената фракција од политичката партија „Алтернатива“ која во текот на овие месеци во повеќето ограноци одлучуваше да ги прекине своите внатрепартиски активности, едногласно одлучи да формира Координативен совет.
На синоќешната средба на која беа присутни 13 ограноци со свои претставници, претставнички од Форумот на жени и претставнички од Младинскиот форум, формиран е Координативен совет, каде покрај разговорот за политичката состојба во државата, овој новоформиран Совет ги донесе следните одлуки:

За координатор на e избран пратеникот на Изборната зона 6, Хисни Исмаили, со поддршка на ОО Тетово, како и со едногласна поддршка на претставниците од соодветните ограноци;

Исто така, освен координатор, Советот со едногласни гласови го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир“, се наведува во соопштението.

На претставниците на состанокот, како што стои во напишаното, им било нагласено дека во иднина ќе бидат известени за идните политичките делувања.‎

Со отцепувањето на фракцијата и напуштањето на Исмаили, Алтернатива сега наместо тројца, брои двајца пратеници во Собранието на Македонија.

На почеток