Македонија

Кршењето во Собрание беше залудно, донесен е новиот Деловник

Со 83 гласови „за“, 2 „против“ и без воздржани, беше донесен новиот Деловник на Собранието. Собранискиот спикер, Талат Џафери констатираше дека тој е донесен со мнозинство гласови. На седницата беа отфрлени неколкуте амандмани на Лавица, а над 1400 не беа ниту дискутирани бидејќи не биле комплетирани.

Седницата помина тензично. Пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев жестоко се спротиставија на новиот Деловник. Тие тврдеа дека со неговото носење, шверцерски ќе се носат закони со скратени рокови, а опозицијата ќе нема никаква улога.

Во Собранието имаше и кршење на собраниската опрема.

(Видео) Продолжи драмата во Собрание, Апасиев ја соблече чевлата за да става „печат“ на амандманите

На почеток