Македонија

Битиќи се брани од Зеќири

Вицепремиерот Фатмир Битиќи се брани по обвинувањата на ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Откако неправосилно осудениот за злоупотреби кажа спровел умисла (постапка во четири очи) предложена од Битиќи, вицепремиерот му одговори.

„Не сакам да ја коментирам неговата изјава, ја даде на два јазици, на албански кажа друго“, кажа Битиќи и додаде: „Владата даде заклучоци и задолженија, таму завршува Владата. Во ниту еден заклучок не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе. Во ниту еден заклучок не се кажува модалитетот како да се спроведе. Владата работи според Деловник и Закон за Влада“, додаде Битиќи.

Претходно, Зеќири кажа: „Јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“.

Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

На почеток