(Видео) Палчо е уапсен на автопат – ова е траекторијата на движење
Скопје, Белград, Баликесир – ова е траекторијата на движење за Љупчо Палевски-Палчо. Министерот за внатрешни работи кажа дека е уапсен на автопат. Се движел со такси. Сакал да се движи кон Истанбул. Но, се вратил назад.
„Негов адвокат, со возило, го однел во Србија, понатаму, оставен е во хотел, од таму, наредниот ден, го презема исто така друго лице од Скопје, со џип и преку граничниот премин „Градина“ влегува во Бугарија. Има транспорт практично низ Бугарија и влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир (н.з.). Нашите служби стапуваат во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. И ни кажа дека сака да замине за Истанбул. Таму останува практично во Баликeсир. Се подготвува во такси возач кој го најмува за да оди во Истанбул и тука е симулирањето дека ќе оди. Повторно се враќа назад во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен, додека се движел пешки по автопатите, меѓутоа во Баликесир.