(Видео) Стевчо Јакимовски: Се плашам дека Палчо има и други убиства, има и такви индиции
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Тешки муабети“ посочи дека има индиции дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо има сторено и други убиства. Не образложи на што ги темели ваквите информации, а посочи дека со лицето имал десетина средби.
„Само ќе ви кажам една работа, се плашам дека Палчо има и други убиства… Има и такви индиции“, искоментира Јакимовски.
Јакимовски посочи дека не се надевал дека Палевски-Палчо спрема убиства.
„Убиен можел да биде секој од нас. Кај да се надеваш, ќе те викне, ќе те однесе.. Се случи еднаш еден пријател да ме носи баш кон тие села, имал голема нива, да му дадам совет што да прави итн. Така можел да ме викне и Палчо, ќе сум отишол со него. Бам метакот, ај во дупката. Кој да се надева дека такво нешто тој спрема?“, додава Јакимовски.
Во емисијата, Јакимовски образложи дека никогаш не се среќавам со Палевски-Палчо за политички соработки.
Љупчо Палевски-Палчо е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според истрагата, тој е организатор и реализатор на убиствата. Уапсен беше во Турција, се бараше со потерница. Моментално е во екстрадиционен притвор.