Македонија

Судска игранка: Весна Дамева повторно претседателка во судската игра

Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет, оти Управен суд ја поништил одлуката за нејзино разрешување, пишува „СДК“ повикувајќи се на изјава од претседателот на судот, Бурим Сејдини. Тројцата судии кои одлучуваше, утврдиле дека нејзиното разрешување е незаконско, по што ја поништиле одлуката донесена од Судски совет.

„Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со Дамева, но таа не одговара на повиците. Непознато е дали ја добила одлуката и како ќе постапи сега, но и дали има координација со колегите од Судски совет.

Правната фела ова го искоментираа ова како „судска игранка“ односно пршеседан кој не е запаметен. Според нив, токму поради ваквите преседани, се доведува во прашање кредибилноста на целиот Судски совет како највисоко тело во правосудната власт, па оттука, тие ќе речат: „Ни во детска градинка толку често децата не си ги менуваат улогите на претседател во нивната игра, како во највисокото судско тело“. Дел од фелата препорачува облигаторен, но комплетен реизбор.

Разрешувањето на Дамева беше со жестоки кавги и обвинувања. Точката се разгледуваше јавно, се гласаше јавно, па гласањето се повторило на тајна седница.

На почеток