Македонија

Наместо во затвор, славел Нова година – уапсено лице кое било барано со потерница

На 31.12.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Г. (36) од Куманово.

Тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На почеток